Во прв ред

Незаборавните концерти на Жељко Јоксимовиќ

Два македонски града беа само точки за краток престој во рамки на европската турнеја на најпопуларната балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. За прв пат настапи во Дојран. На втори август, посетителите со нетрпение го чекаа часовникот да отчука 21 часот, за огромната колона со луѓе да биде пред влезот на Стадион “Истатов”. “Libero Band”, беа одговорни за загревањето на атмосферата.

Во Охрид на трети август, оние што се уште не беа набавиле карти за претстојниот концерт, имаа можност да го сторат тоа на неколку специјално поставени, продажни пунктови, што беше за пофалба. На Стадионот “Билјанини Извори” многу повеќе од 10 илјади луѓе беа возбудени за новата средба со својот миленик. Нивното нетрпение кулминираше во 23:45 кога конечно најголемата ѕвезда се појави на сцена. Претходно атмосферата ја загреjaа дури и премногу, два македонски бенда (“Instrumental Band” и “Energy Band”) со своја музичка презентација во времетраење од по еден час и десетина минути. До појавувањето на Жељко на сцена, пресушија сите резерви на вода, а при крај беа и останатите пијалоци. Веројатно организаторите беа изненадени од големата побарувачка.

Жељко пратен од својот бенд (Тексас) концертот го започна со песната “Либеро”, потоа следуваа големите хитови како “Супермен”, “Љубави”, “Девојка”, “Није љубав ствар” и уште многу други. Чекањето на крајот се исплати, повеќе од два и пол часа Жељко ја забавуваше македонската публика. Како и на досегашните негови гостувања, така и овој пат, не заборави да запее на македонски.

На организаторите можеме да им замериме само за тоа што не оставија предолго во исчекување, а од срце да им заблагодариме за спектакуларните концерти, кои дефинитвно ќе се паметат мнооогу долго и да им порачаме дека очекуваме уште многу такви.

Подготви: Сања Неткова

Фото: Бобан Божиноски

Можеби ќе ве интересира: