Во прв ред

Се бројат деновите до почетокот на вториот “Струмица опен фест”

На почетокот главната цел им било збогатување и на така малата и летна културно-забавна програма во градот. Минатата година ентузијастички, а оваа веќе со едно годишно искуство зад себе, “Струмица опен фест” наскоро започнува. Официјалната музичка програма, она што нам како музички портал и медиумски покровител на овој голем музички настан во Струмица не интересира, започнува на 16-ти август со првата фестивалска музичка вечер на која што на сцената ќе настапат: Ике Де Кока, Младите струмички таленти, групата “Јупитер”, “Амадеус Бенд” и Жељко Самарџиќ. Втората фестивалска вечер пак на сцената на “Струмица Опен фест” ќе имаме можност да ги видиме и слушнеме: “Френдс”, “Рибља Чорба”, “Суперхикс” и феноменалниот и одличен Кирил Џајковски.

И како за крај на музичката програма на овогодинешното второ по ред издание на овој голем музички спектакл е третата фестивалска вечер каде што ќе имаме можност да уживаме во музиката на групата “The Hounds”, “Агушеви”, Ален Исламовиќ и ѕвездата на овогодинешниот “Струмица Опен Фест” сексипилната, мега познатата и секогаш шармантно убавата Северина која веруваме нема да ве остави рамнодушни. Сите вие кои што немате никаков план за овие три дена, појдете во Струмица дали со друштво, вашиот партнер или партнерка и уживајте во музичката програма и воопшто во се она што оваа година ви го нуди градот Струмица и “Струмица опен фест”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: