World Music

Продуцентот на „Боемска рапсодија“ ќе снима биографски филм за Мајкл Џексон

Се подготвува нов биографски филм за Мајкл Џексон, а овој проект ќе го води Греам Кинг кој го продуцираше биографскиот филм за групата „Квин“, „Боемска рапсодија“.

Претстојниот филм наречен „Мајкл“ се снима со благослов на семејството и извршителите на имотот на Мајкл Џексон. Сценариото го напиша Џон Логан (автор на „Гладијатор“ и „Скајфол“), кој претходно работеше со Кинг на филмот „Авијатичар“ на Мартин Скорсезе (2004). Џон Бранка и Џон Меклејн, ко-извршители на имотот на Џексон, ќе го ко-продуцираат филмот  заедно со Кинг, кој првпат го запознал семејството Џексон во 1981 година.

“Чест ми е што можам да го пренесам неговото наследство на големото платно. Седејќи на стадионот „Доџер“ и гледајќи ја турнејата „Victory“, никогаш не можев да замислам дека речиси 38 години подоцна ќе имам привилегија да бидам дел од овој филм”, изјави Греам Кинг.

Според соопштението за печатот, „Мајкл“ на публиката ќе ѝ даде длабинска приказна за комплициран човек кој стана крал на попот. Во оваа реализација ќе се оживеат најпопуларните изведби на Џексон.

“Од мали нозе, како член на групата „Џексон 5“, Мајкл ја сакаше магијата на киното. Како семејство, чест ни е што нашата животна приказна ќе заживее на големото платно”, изјави мајката на Мајкл Џексон, Кетрин Џексон.

Можеби ќе ве интересира: