Познатиот фестивал на народна песна – Фолк фест Валандово оваа година не доби финансиска поддршка од Министерството за култура во рамки на годишната програма за култура. Според Министерството за култура, фестивалот го нема на листата на проекти што ќе добијат финансиска поддршка за оваа година поради грешка на организаторите. Имено тие место во областа Фолклорна дејност конкурирале во областа Музичко-сценска дејност.
Фестивалот поради пандемијата не се одржа изминатите 2 години а оваа година треба да го прослави јубилејот од 35 години постоење на фестивалот. Општина Валандово сепак не се откажува од организирањето на фестивалот оваа година, тие поднеле жалба а подготвени се и сами да го финансираат фестивалот.
Овогодинешното издание е предвидено да се одржи во мај а веќе е во тек конкурсот за песни од домашни и странски автори, кој трае до 28-ми февруари.
