Ѓорѓе Давид веќе неколку години е член на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, тој претходно веќе откри дека некои пејачи забраниле нивни песни да се изведуваат во ова шоу, но не откри имиња. Сега конечно проговори за кого се работи.
Во претходниот период работев многу со деца. Доживеавме благи шокови, затоа што има некои автори кои се идоли со генерации, а кои забранија емитување на нивните песни на „Гранд“. Децата со многу љубов ги избираат тие нивни песни, а се доаѓа во ситуација некој да бара 1.000 евра по песна, за да се изведе неговата песна овде на натпреварот. тогаш тоа е шамар. Ќе дадам се од себе сите овие луѓе да им ги апострофирам на децата за едноставно да знаат какви се моите колеги. Страшно сум навреден и повреден. – разочарано вели Давид.
Според Давид, проблемот не е во „Ѕвездите на Гранд“ односно Гранд продукција. Имено продукцијата ја пријавува секоја песна што се изведува и влегува во конкуренција. Се што е хонорар за текст, аранжман и композиција, луѓето што го направија тоа го добиваат преку СОКОЈ. Тој одреден приход за нив е заснован на авторско право.
Ќе кажам две имиња кои направија тотална забрана, првото име е семејството на покојниот великан ѓорѓе Балашевиќ, кое не дозволува да се изведуваат песните на Џоле, а второто име е Цане од „Партибрејкерс“. тој никогаш не дозволува да се изведуваат неговите песни. по секоја цена. Некои бараат илјада и петстотини евра по песна. Да беа во прашање други емисии, мислам дека немаше да има проблем. – открива давид.
