Балканската музичка ѕвезда Жељко Самарџиќ ќе одржи хуманитарен концерт во Прилеп за помош на мaлиот Дејан Најдоски од Прилеп. Имено малиот Дејан има аутизам, досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција. Сега за подобрување на неговото здравје и понатаму му сме потребни.
Концертот е закажан за 19-ти март со почеток во 20 часот во Универзалната сала во Прилеп (сала на Тутунски комбинат), каде Самарџиќ ќе настапи заедно со македонските изведувачи Јоце Панов и и прилепчанец Филип Николоски. Картите се веќе во продажба по цена од 300 денари.
