Поранешната учесничка во реалното шоу „Задруга“, Миљана Кулиќ ја објави првата песна. Се работи за преработка на популарна песна на Стоја, а нејзиното пеење предизвика бројни реакции. Таа на својот канал на Јутјуб ја сподели аудио обработката на песната „Иди мами па се жали“, која во оригинал ја пее Стоја, а на коментарите им се нема крај.
Миљана, како што пишуваат во коментарите, не звучи добро ниту со студиската обработка на гласот, додека евидентно е дека Кулиќ не се откажува од идејата да пее и покрај споменатиот факт. „Стоја на апарати“, „Блажени се глувите, ни аутотјун не помага“, „Браво, микси“, „Да не беше тажно, ќе беше смешно“, „Господи Боже“, „Кој има проблем со утринското будење нека го слуша ова како аларм“, „Кога може Зола, и ти можеш“, се дел од коментарите под видеото.
Инаку, Миљана неодамна ја изведе оваа песна на настап во Хрватска, а потоа пееше на плејбек. Како звучи каверот на Миљана на песната „Иди мами па се жали“, погледнете во видеото во продолжение:
