Балканленд

Voyage влегува во актерските води на голема врата: Ќе глуми син на Којо и Бранка Катиќ

Младата музичка ѕвезда Михајло Веруовиќ – Војаж започна со снимање на новата тинејџерска серија „У клинчу“, која како продуценти ја потпишуваат Милош Аврамовиќ и Аљоша Чераниќ. Тој ќе ја толкува главната улога на младиот боксер, а мајка му во серијата ќе ја толкува Бранка Катиќ, додека татко ќе му биде Никола Којо.

Јас сум отворен тип, сакам да пробувам се ново. Штом ми се јавија, реков, да видиме што ќе биде тоа. Потоа го прочитав сценариото и ми изгледаше како улога за мене. Најважно е што Аљоша, кого го глумам, многу ми личи и мислам дека нема да ми биде проблем да се носам со таа улога. Со овој проект ги направив моите родители најгорди на светот и среќен сум поради тоа. Патем, требаше да се здебелам за улогата, меѓутоа, бидејќи се базира на боксот, најважно е што во тој спорт сум седум години. – изјави Војаж.

Младиот пејач истакна дека и тој ќе учествува во најавната шпица за серијата. А реномираната актерка Бранка Катиќ му го дала највредниот совет во врска со актерството.

Бранка ми даде добар совет. Најдобро се глуми кога не глумиш. – открива Војаж.

Тој вели дека иако сега целосно ќе се посвети на актерскиот ангажман, музиката му останува во прв план.

Ако добијам шанса, малку посериозно би се зафатил со актерството, но никогаш не би ја запоставил својата музичка кариера, она од што дојдов. Актерството сега е нешто ново за мене, а со тоа и интересно. Но го најдов совршениот баланс помеѓу овие две уметности, бидејќи јас сум сериозно организирана личност. Подготвив и албум на кој има 12 нови песни. – додава веруовиќ.

Серијата има 30 епизоди а е во режија на Данило Бечковиќ и Небојша Радосављевиќ.

Атмосферата е весела, духовита и шармантна, но во исто време тешка и драматична, бидејќи ова е семејна серија која следи две генерации, родители и деца, и проблемите со кои се соочуваат. Младите се соочуваат со предизвици како независност, љубов и препреки, но и радост. Опкружени сме со спомените на нашиот лик Веља (Никола Којо), бидејќи ова е неговиот спортски и боксерски храм. Сега е сопственик, гуру и ментор во боксерскиот клуб. Неговото семејство Ковач е централно, но ги следиме и другите семејства и нивните дилеми и проблеми кои немаат врска со боксот. Името на серијата е двосмислено, бидејќи сите сме во одреден момент во клинч, особено младите и семејствата. Односно, животот е борба со моменти на среќа, радост и задоволство. – вели авторот и продуцент Милош Аврамовиќ.

Можеби ќе ве интересира: