Вчера вечер се одржа втората полуфиналана вечер од националниот избор за српски евровизиски претставник. Уште 9 изведувачи влегоа во финалето, со што со претходните 9 од првото полуфинале во вечерашното финале ќе настапат 18 изведувачи. Помеѓу нив е и нашата Тијана Дапчевиќ, која што во финалето ќе настапи под реден број 5.
Во финалето се очекува жестока борба и голема неизвесност за тоа кој ќе ги брани српските бои во Торино. Покрај Тијана, помеѓу 18-те изведувачи во финалето се афирмирани изведувачи како: турбофолк ѕвездата Аца Лукас, популарните Сара Јо и Ангелина, Ана Станиќ, оркестарот на Аца Софронијевиќ, „Наива“ итн.
