Препознатлива по хумористичниот спот што го има за песната “Рум, дум, дум” и спотот за хит песната “Нема правила”, деновиве нашата фолк пејачка Даниела Темелковска снимаше нов спот за најнова песна “Не се надевај”. И овој пат таа си остана оригинална и препознатлива во креациите што се дело на нејзината сестра моден креатор Емилија Лотзе. Спотот се снимаше во Охрид на Билјанини извори, а покрај Даниела се појавуваат и неколку статисти меѓу кои и сестра и Емилија која што веќе има искуство во оваа работа од претходните спотови каде што снимаа заедно.
Интересно за овие сестри е тоа што атрактивната Даниела е задолжена за пеењето, а Емилија е задолжена за уникатната гардероба што ја изработуваат нејзините раце. Во секој случај, Даниела си останува оригинална во својот оригинален стил. И овој спот како и претходните, е под водство на ЕВ Продукција, а наскоро се очекува промоција на ИНТВ Австралија.
Фото: Стојан Стојановски 2С Студио
