Деновиве актуелен е претстојниот 10-дневен фестивал во Струмица на којшто се очекува уште поголема посетеност од минатата година. Како дел од официјалната програма за 2013-та година влегува и посебната вечер за хип-хоп во еден андерграунд амбиент којашто ќе се случи на 11-ти август. Гоце САФ ќе ја загрева атмосферата, а свој настап пред струмичани ќе имаат Хроник со Дивизија, Подземан ефект, Да Титаниум и Зад аголот.
“Го продолживме времетраењето на фестивалот за да има простор да ги задоволиме сите вкусови и да ги опфатиме сите области: култура, уметност, забава и музика. Во Струмица со години нема организирано рап настап и очекуваме одлична забава. Уште сега чувствуваме дека публиката е жедна за хип-хоп”, велат од “Здружението “Културен забавен живот” од Струмица.
Подготви: Редакција Музика24
