World Music

Бијонсе и Били Ајлиш ќе настaпат на доделувањето на Оскарите

Потврдено е дека Бијонсе, Били Ајлиш и Реба Мекентајр ќе ги изведат нивните номинирани песни за време на церемонијата на доделување на наградите Оскар. Официјални лица на Академијата  објавија дека Бијонсе во недела ќе излезе на сцената во театарот Долби во Лос Анџелес за да ја изведе нумерата „Be Alive“ од филмот „King Richard“, за што е номинирана за најдобра оригинална песна.

Четири од петте номинирани оригинални песни ќе бидат изведени во текот на вечерта, а Ајлиш и нејзиниот брат Финес О’Конел ќе ја претстават нивната музика за Џејмс Бонд, „No time to die“. Кантри-ѕвездата Мекентајр ќе ја отпее „Somehow You Do“ од филмот „Four Good Days“, песна напишана од Дајан Ворен, а колумбискиот пејач Себастијан Јатра ќе изведе „Dos Oruguitas“, напишана од Лин-Мануел Миранда од анимацијата на Дизни, „Encanto“. Петтиот номиниран, Ван Морисон, беше поканет да настапи со „Down to Joy“ од „Белфаст“, но тој нема да присуствува поради неговиот распоред на концерти. Надвор од номинираните за најдобра оригинална песна, беше објавено дека актерската екипа на „Encanto“ ќе го изведе ударниот хит на филмот „We Don’t Talk About Bruno“.

Во недела ќе се одржи 94-тото доделување на Оскарите, чии домаќини се Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс.

Можеби ќе ве интересира: