World Music

„Genesis“ го одржаа својот последен концерт

Фил Колинс се прости од фановите на „Genesis“ заедно со колегите од бендот Мајк Радерфорд (71) и Тони Бенкс (72) во саботата во Лондон, каде легендарниот бенд го одржа својот последен концерт, како дел од турнејата „The Last Domino?“.

Емотивно беше во салата „О2“ во Лондон, а во центарот на вниманието беше Фил Колинс (71) кој поради здравствени проблеми мораше да седне на стол и да пее. Бил добро расположен, а во еден момент се пошегувал кога на публиката и рекол дека сега мора да ја најде вистинската работа, пишува „Дејли мејл“. Фил за време на целиот концерт седеше поради голем број различни здравствени состојби во последните години, подоцна им се придружи на Мајк (71) и Тони (72) за овациите на публиката.

Ова е последната станица од нашата турнеја, а е и последен настап за „Genesis“. По вечерашниот настап, сите ние мора да си најдеме вистинските работни места. – рече Колинс.

Бендот „Genesis“ стекна слава во седумдесеттите години на минатиот век и продаде повеќе од 100 милиони плочи. Кога групата повторно се обедини во 2007 година, Фил се здоби со повреда на дислоциран пршлен на вратот што предизвика оштетување на нервите на неговите раце. Тој користи стап за одење откако имаше голема операција на грбот во октомври 2015 година Во 2017 година, Фил беше принуден да одложи два самостојни концерти во Ројал Алберт Хол по падот во хотелска соба. Оригиналниот член Питер Габриел (72) не им се придружи на тројцата на последната турнеја а исто така ниту гитаристот Стив Хакет (72), кој беше во бендот од 1971 до 1977 година.

 

Можеби ќе ве интересира: