Српската евровизиска претставничка Констракта пристигнува на Д Фестивал 2022 со нејзиниот ексклузивен настап во Македонија, соопштија организаторите.
Во моментов најбараното музичко име во регионот, уметницата која донесе автентичност и освежување на популарната музичка сцена, го потврди својот премиерен и единствен настап кај нас, ова лето на Главната бина на “Д Фестивал“ во дојран. Придружи ни се и ти во единствената фестивалска авантура во земјава од 1 до 3 јули во Дојран. Побрзај за најповолната понуда со РАН КОРМОРАН. – велат организаторите.
