Популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ќе одржи аудиција за идни пејачи во Велика Британија. Најголемото телевизиско шоу за млади таленти во Србија, распиша конкурс за аудиција, чиј победник автоматски добива „златна карта“ што му овозможува да се натпреварува во новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во септември.
Кандидатите ќе се бираат во филмско студио во Лондон а ќе ги оценуваат Саша Поповиќ и Александар Милиќ – Мили.
Овој потег се толкува како поттик за поголем рејтинг на „Ѕвездите на Гранд“ надвор од регионот.
