Во прв ред

Повик за учество на реге бендови за Денот на Боб Марли

Манифестацијата „Денот на Боб Марли“ оваа година ќе се одржи на 13-ти мај и ќе трае цели 13 часа во Градскиот парк во Скопје. Целта на настанот е да се доближи реге музиката и пораката на Боб Марли, „One love, One heart, A world without borders“ до сите луѓе.

Организаторот повикува сите ние како поединци да придонесеме во продолжувањето на традицијата на Денот на Боб Марли, којшто секоја година пред ковид-19 пандемијата се одржуваше во форма на музички хепенинг во Градскиот парк во Скопје.

Сите млади и талентирани бендови коишто свират реге слободно да се пријават за учество на тел. брј 075 72 86 82 (Charley)  или на Фејсбук. – се вели во повикот.

Манифестацијата се одржува од 2003 година и на неа се собираат неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број луѓе од музичката фела.

 

Можеби ќе ве интересира: