Во организација на Македонски Музички Архив а со поддршка на ДАФ и Општина Кочани, на 29-ти мај во Кочани ќе се одржи Интернационален Фестивал на Музичка Публицистика. Во рамки на фестивалот ќе се одржат неколку промоции на книги од областа на музиката а фестивалот ќе заврши со концерт на култните „Мизар“. После неколку години културна изолација, заедно со ДАФ ова е прв поголем културен настан во овој град. А по 12 години, „Мизар“ ќе засвират самостоен концерт на отворено. Патем и за првпат настапуваат во Кочани.
Во продолжение целата програма на фестивалот:

– 12:00 – 12:30 – Отварање на заедничка изложба: Татјана Ранташа, Зденко Петровски, Тошо Филиповски и Борислав Пешиќ (Градски парк) / Презентер: Тошо Филиповски
Модератор на претпладневна сесија (Градски парк): Ненад Георгиевски
– 12:30 – 13:00 – презентација на книги – преводи, (Pink Floyd, Queen, Joy Division…)
Модератор на пладневна сесија, книги – интервјуа, (Градски парк): Звездан Георгиевски
– 13:00 – 13:30 – промоција на Љупчо Јолевски / Радио
– 13:30 – 14:00 – промоција на Ненад Георгиевски / Уште музика, Уште муабети
– 14:00 – 14:30 – промоција на Александар Трајковски / Музиката во македонскиот игран филм: Од Фросина до Лазар
Бонус промоција:
14:30 – 15:00 – промоција на Влатко Деков / Конопот во Македонија (Градски парк)
Модератор на попладневна сесија, книги со Фотографии, (Градски парк): Петар Јањатовиќ
– 15:00 – 15:30 – промоција на Татјана Ранташа / Џезтетика
– 15:30 – 16:00 – промоција на Борислав Пешиќ / Long Play
– 16:00 – 16:30 – промоција на Зденко Петровски / Момент документ
Бонус промоција:
16:30 – 17:00 – Презентација на ВБУ Музички регистер – Васил Буралиев (Градски парк)
ПАУЗА / 17:00 – 19:00
Модератор на попладневна сесија, Енциклопедии, Монографии, (Градски парк): Љупчо Јолевски
– 19:00 – 19:30 – промоција на Елени Новаковска / Историја на Македонската популарна музика
– 19:30 – 20:00 – промоција на Петар Јањатовиќ / пресек на ex-YU рок изданија
-20:00 – 20:30 – промоција на Тошо Филиповски / Мизар-Откровенија 1981-2021
20:30 – 21:00 – доделување на наградите од ДАФ (Градски парк)
21:00 – 22:30 – концерт: Мизар (Градски парк)
