Премиера

Пејачката Бојана Скендеровски ја промовираше најновата песна со видео спот (Видео)

Познатата македонска поп пејачка Бојана Скендеровски очигледно не застанува кога се во прашање новите музички проекти кои како што вели таа со задоволство ги создава и работи на нив. По промоцијата на песната и видео спотот за “Зад завесите”, таа неодамна со видео спот ја промовираше најновата песна “Среќа и несреќа”, дело на српскиот композитор Саша Милошевиќ – Маре, песна која што има и српска верзија.

Бојана видео спотот го реализираше со Били Д, додека пак истиот е сниман на неколку локации во Скопје. Во продолжение, со задоволство ви препорачуваме да го погледнете новиот спот за најновата песна “Среќа и несреќа”.

Bojana - Srekja i nesrekja (2022)

Можеби ќе ве интересира: