Балканленд

На непознат начин протече во јавност новата песна на Александра Пријовиќ

Пејачката Александра Пријовиќ ги споделие деталите од драмата низ која поминала кога нејзината нова песна „Звук тишине“ протече во јавноста, а во својата објави истакна и колку ја потресе и погоди оваа постапка.

Александра изјави дека се случила непредвидена ситуација и дека песната со која сакала да го најави својот нов албум излегла во јавноста, како што наведе, на нејзе непознат начин и моментално незаконски кружи по социјалните мрежи и разни платформи за споделување аудио материјал. Таа додаде дека и покрај сите напори да се запре натамошното ширење на песната, поради размена на акции во овој момент тоа е невозможно.

Жал ми е што немавме можност да ви ја претставиме оваа песна и целиот проект онака како што замисливме. Сепак, од се срце би сакала да им се заблагодарам на сите што испратија прекрасни коментари поврзани со песната, тоа ни значи многу во моментов! Поради целата ситуација, датумот на официјалното објавување на песната е одложен, а во следните неколку дена ќе ве информирам за новиот датум. – вели пријовиќ.

Можеби ќе ве интересира: