Денес, нашиот најпознат и највлијателен рап артист полни 27 години. Денот ќе го прослави со најблиските, во мирна и опуштена атмосфера затоа што утре го очекува најавениот концерт во Струга, на летната сцена Сиеста. Слаткаристика најави дека утре ќе го прослави неговиот роденден како што треба, со журка и баш поради тоа вечерта за време концертот сите пијалаци ќе чинат само 50 денари.
А денес неговиот facebook профил и фан страна се преплавени со честитки од оние кои ја пратат неговата музика. Музика24 како највлијателн музички портал во Македонија, на највлијателниот рапер му го честита роденденот и му посакува многу здравје, среќа, љубов и секако многу нови хитови.
Подготви: Редакција Музика24
