Фестивали

Лондон испадна од трката за домаќин на Евровизија: 7 градови во потесениот избор

Утрово, Зое Бол од британското Радио 2, заедно со Мартин Остердал (извршен супервизор на Евровизија) и британската телевизија Би-Би-Си откри кои градови се најдоа во потесниот избор за домаќини на 67-от избор за песна на Евровизија во име на Украина.

По максимумот од 20, заклучно со вчера, во игра се уште беа 14 градови. Од утринава во потесниот избор останаа само 7 градови. Тоа се: Бирмингем, Гласгов, Лидс, Ливерпул, Њукасл, Манчестер и Шефилд. Сепак не беше соопштен датум кога ќе биде донесена конечната одлука, иако одлуката се очекува до средината на септември.

 

Можеби ќе ве интересира: