Во прв ред

По Антониа и Владо Јаневски го откажа настапот на „Peace Festival“

По пејачката Антониа Гиговска, сега и Владо Јаневски го откажа настапот на „Peace Festival“ посветен на 21-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. На фестивалот на плоштадот „Скендербег“ требаше да настапат неколку домашни и странски музички ѕвезди.

Антониа уште вчера објави дека го откажува настапот, со образложение дека не знаела за политичката конотација.
„За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму, бев принудена да го откажам мојот ангажман, се разбира, со секоја почит кон организаторот и кон било која политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика, ниту некогаш ќе бидам. Мојата работа е да правам музика и на фановите да им го дадам најдоброто од мене.”. – рече Гиговска.

Денеска се огласи и менаџерскиот тим на Владо Јаневски. Во официјалното соопштение се вели:

„Владо јаневски не настапува на прославата која се одржува на 13.08.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“.

Со ова на најавениот фестивал ќе настапуваат само изведувачи од албанската естрада. На настанот, како што беше најавено, требаше да настапат Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б.

За фестивалот ќе бидат потрошени 70 илјади евра, во рамки на буџетот за прославата за одбележување на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор. Од кабинетот на министерот и прв вицепремиер Артан Груби, потврдија дека за сите манифестации за одбележување на Охридскиот мировен договор е ангажирана агенција и дека од буџетот на министерството се издвоени 4 200 000 денари.

Можеби ќе ве интересира: