Филмот на Мартин Скорсезе за Дејвид Јохансен, пејачот на „New York Dolls“, премиерно ќе биде прикажан на филмскиот фестивал во Њујорк во септември. Документарецот наречен „Personality Crisis: One Night Only“ се фокусира на уникатната изведба на Дејвид Јохансен во 2020 година.
“Некогаш и сега, музиката на Дејвид ја доловува енергијата и возбудата на Њујорк. Често го гледам како настапува и со текот на годините ја дознав длабочината на неговата музичка инспирација. Откако го видов неговиот настап во Кафе Карлајл, знаев дека морам да го снимам затоа што беше толку необично да се види еволуцијата на неговиот живот и неговиот музички талент во толку интимен амбиент. За мене, таа изведба го долови вистинскиот емотивен потенцијал на музичкото искуство во живо”, изјави Скорсезе по повод неодамнешната премиера на филмот.
Скорсезе го режираше филмот заедно со Дејвид Тедески, додека кинематографер беше Елен Курас, која беше вклучена и во филмот „Американска утопија“. Филмот е снимен во 2020 година на настапот на Дејвид Јохансен во њујоршкото кафе Карлајл.
Заедно со снимките од концертот, филмот ќе содржи архивски интервјуа и ретко видени снимки. Новиот филм ќе го опфати воспитувањето на Јохансен на Стејтен Ајленд, неговото преселување во њујоршкиот Ист Вилиџ како тинејџер во доцните 1960-ти и неговото време во Њујорк Долс, како и неговата работа во 1980-тите под името Бастер Поиндетер и неговото време со бендот Хари Смитс.
