Премиера

ПРЕМИЕРА: „Вечна празнина“ – МИЗАР

Култните „Мизар“ на почетокот на јуни замина на мини концертна турнеја низ регионот, во рамки на која настапуваа во Љубљана, Риека и Загреб. Во сите три музички центри на поранешната заедничка држава публиката со големо нетрпение ги дочека нивните настапи.

Сегашната постава има пет члена. Покрај Горазд Чаповски, основачот и единствениот член кој никогаш не ја напушти формацијата, „Мизар“ го сочинуваат и Зоран Тортевски (вокал), Пеце Китановски (бас), Александар Ристовски Принц (електрична гитара) и Георги Божиков (тапани).

Инспирација за создавањето на новата песна „Вечна празнина“ беше Риека, каде „Мизар“ настапи по долги 17 години.

„Тоа беше момент кога седев на доковите во Риека, пукав од носталгија за мојата изгубена младост, гледав во длабочините на прекрасното Јадранско Море и сфатив дека овој живот во суштина нема смисла. Без разлика дали сте среќни, тажни, богати, без пари, сите ние секогаш чувствуваме една голема „вечна празнина“. – вели Горазд.

Сите ние на свој начин ги доживуваме добрите и лошите, среќните и тажните моменти од она што го нарекуваме живот. Во виорот на секојдневието и рутината, често забораваме дека животот е многу кревка појава. Сега си тука, а утре можеби ќе те нема.

Обвивката на новиот сингл е оригинално слика на македонскиот уметник Никола Пијанманов, чии дела веќе ги илустрираа песните на „Мизар“.

Шестото откровение на еден од најзначајните македонски бендови се очекува до крајот на оваа година. Од претстојниот албум, тие веќе ги претставија сингловите „Галеб“, „Доаѓа ден“, „Лузна“, „Гласници на пат“, „1903“ и „Изгорен од ова сонце“. “, а публиката која ги доживеа во живо, можеше да почувствува навистина посебна енергија.

Можеби ќе ве интересира: