World Music

Ќерката на Мадона ја објави својата прва песна (Видео)

Ќерката на Мадона, Лурд Леон, тргна по стапките на нејзината мајка. Таа под уметничкото име Lolahol го објави својот дебитантски сингл со кој ја започнува својата соло музичка кариера.

25-годишната манекенка чиј татко е актерот Карлос Леон, вчера го објави својот сингл „Lock and Key“. Лурд претходно се здружи со нејзината мајка на песната „Суперстар“ во 2012 година.

Мадона го сподели дебито на својата ќерка на Инстаграм, пишувајќи дека е горда на своето најстаро бебе. Сепак. се чини дека песната „Lock&Key“ не е инспирирана само од нејзината мајка, туку и од друга поп-ѕвезда. Имено, Лурд пее: „No sleep, next plane, no sleep, makeup, next club, next car, next plane, no sleep, no fear“, што всушност е јасна референца за едно од најнезаборавните интервјуа што ги има дадено Лејди Гага. Мадона и Гага пред десетина години беа во конфликт, но се смета дека повторно се во добри односи од 2019 година.

 

Можеби ќе ве интересира: