Како што дознава музичкиот портал Музика24, скопскиот музички фестивал “Крај вардарот џез” ќе се одржи на 23-ти и 24-ти септември во Македонската филхармонија. Овогодишното трето по ред издание на овој музички џез фестивал ќе го отворат концертите на „Спејс трио“ од Бугарија и српската „Ејот“ од Ниш.
Составот „Спејс трио“ е составено од Живко Братанов – пиjано, Георги Ангелов – перкусии и Васил Хаџигрудев – контрабас. Специјално за настапот во Скопје на составот ќе му се придружи истакнатиот џез музичар од помладата генерација од Скопје, Дени Омерагиќ („Светлост“, „Одрон ритуал оркестар“).
„Ејот“ е веројатно најреномираниот српски џез состав во последнава деценија, формиран во 2008, фронтмен е виртуозот на клавир Дејан Илијиќ, а свират и Милош Војводиќ на тапани, Марко Стојилковиќ, бас и Слаѓан Миленковиќ на гитара.

На втората вечер ќе свири „Секстат“ од Скопје, која ќе одбележи 30 години постоење како џез формација. Оваа вечер, публиката ќе има уникатна можност да ги слушне во досега невидено издание, надградени со неколку извонредни локални музичари, во форма на вистински оркестар. Пред „Сетстат“ ќе свири „Тока Шитет“ (ака Идриз Амети), фронтмен на групата „бла бла бла“ со соло изведба на авторска музика на шаркија. Фестивалот е во организација на PMJ Jazz.
