По две година пауза, оваа година ќе се одржи познатата „Пастрамајлијада“ во Штип. 14-то издание на оваа манифестација е закажано за 23-ти и 24-ти септември.
Оваа година главни ѕвезди на манифестацијата се хрватски пејачи Јелена Розга и Тони Цетински. Розга ќе настапува на 23.09 (петок), а Цетински на 24.09 (сабота). Покрај нив ќе настапуваат: Џамбо Агушев и „ДНК“ во петокот, „Куку Леле“ и Зоран Илиев на втората фестивалска вечер, во сабота.
“На 23-ти и 24-ти Септември ветуваме неверојатен хепенинг со Тони Цетински, Јелена Розга, „ДНК“, Џамбо Агушеви, „Куку Леле“ и Зоран Илиев, а штипските мајстори на најдобар можен начин ќе го промовираат неповторливиот штипски бренд – пастрамалија. Ве покануваме на Пастрамалијада 2022, настан за кој долго ќе се зборува”, истакна Градоначалникот Иван Јорданов.

Буџетот на манифестацијата е 4 милиони денари. Општината Штип како главен покровител обезбеди 2, 5 милиони денари, а спонзорите 1, 5 милиони денари. Оваа година Пастрамалијадата со сигурност ќе биде најзабавниот и најгурманскиот настан во државата!
