Поради трагичниот настан, во кој вчера прерано животот го загуби 13-годишно момче, општина Македонска Каменица ги откажа сите концертни настани од манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“.
Соопштението за јавност, објавено од градоначалникот на општина Македонска Каменица, ви го пренесуваме во целост:
Дозволете во свое лично име и во име на општина Македонска Каменица да изразам искрено и длабоко сочувство до семејството Стојковски кои денес загубија дете, брат, внуче. Денес целиот град сочувствува со нивната болка и загуба за прерано згаснатиот живот. Со оглед на огроманат загуба за целиот град, Ве известувам дека манифестацијата „Каменичко Културно Лето 2022“ која беше закажана за период од 26-ти до 28-ми Август, се откажува во целост, и општина Македонска Каменица прогласува тридневна жалост.
Во склоп на манифестацијата беа најавени настапите на: Џамбо Агушеви оркестар, „Брас Брадерс“, „Нокаут“, „Гуру Харе Бенд“, Игор Џамбазов, Ѓоко Јовиќ и Петар Грашо.
