Во прв ред

За „Тиквешки гроздобер“ угостителите во Кавадарци со продолжено работно време (Фото)

Советот на општина Кавадарци едногласно донесе одлука со која им се продолжува работното време на угостителските објекти за дополнителни два часа. Продолжувањето ќе биде на сила само додека се одржува манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, односно 9-ти, 10-ти и 11-ти септември годинава.

На иницијатива на советниците се побара разгледување на можноста и на трговските субјекти во општината да им се дозволи да работат во недела, додека се одржува манифестацијата. Иницијативата беше поддржана и ќе се бара од надлежното министерство да се произнесе по ваквото барање.

Манифестацијата оваа година покрај виното и храната, ќе понуди богата музичка и забавна програма. Nucci, Voyage, Огнен Здравковски, Игор Џамбазов, Харис Џиновиќ и Горан Бреговиќ се само дел од ѕвездите кои ќе настапат на овогодинешниот „Тиквешки гроздобер“.

Горан Бреговиќ – главна ѕвезда на „Тиквешки гроздобер 2022“ (Фото)

Можеби ќе ве интересира: