Бени од “Нон стоп” и покрај активното лето и многуте настапи низ земјава, сепак успеа да најде време и да склопи нова песна чија промоција се очекува да се случи наскоро, пренесува Вечер:
“Подготвив нешто ново. Инспирацијата ми дојде сосема случајно, додека чекав на семафори, во автомобил. Набрзина ја зачував мелодијата во телефон и пред извесен период додека седевме во студио им ја пуштив на момците од “Нон Стоп” и им се допадна. Треба само да ја доработиме песната и наскоро верувам дека ќе биде испромовирана”, вели Бени.
Случајната и моментална инспирација се секојдневие за рокерот кој ултра познатите “По навика”, “Сам” и “Дај ма пиши ми” ги има напишано за само десетина минути:
“Или имаш инспирација или немаш. Таа доаѓа за момент, веднаш го пишуваш тоа што те обземало, и готово е, веќе имаш хит во рака. Така е со сите ултра познати песни, на тој начин создаваат музика сите славни музичари”, појаснува Шаќири.
Подготви: Редакција Музика24
