Во прв ред

“Пиволенд” повторно на Скопското кале

Фестивалот на пивото кој стана заштитен знак на Скопје повторно се враќа на старата локација, Скопското кале. “Пиволенд” оваа година ги израдува своите фанови кои ќе можат да уживаат во неповторливиот амбиент на калето, далеку од скопските гужви.

Целта е постигната, пивото е спремно, останува само да ги доживееме деновите од 11-ти до 15-ти септември, кога цело Скопје живее во ритамот на добрата музика и ладното пиво. Изненадувања и добра забава ќе има за сите посетители. Рестораните ќе бидат во посебен дел, каде што сите на раат ќе можат да прикаснат по нешто, далеку од толпата, а пак храната ќе биде 100 % македонска. На шанковите ќе се продаваат 30 видови на пиво, по промотивни цени достапни за сите посетители. А бидејќи оваа година речиси се на “Пиволенд” е македонско, така е и со музиката.

Мотото е да се промовира македонската култура, но и да им се отстапи поголем простор на македонските изведувачи. Досега на повеќето фестивали од ваков тип гледавме се повеќе странски артисти, а нашите беа се помалку застапени. Затоа менаџментот на “Пиволенд” одлучи оваа година да се промовира македонската музика, но сепак за да се задоволат сите музички вкусови ќе има и неколку гости од странство кои се добро познати имиња за нашата публика.

Од македонските изведувачи ќе имаме можност да слушнеме различни жанрови на музика, а новитет е што оваа година ќе имаме можност да слушнеме и дел од нашите најпопуларни македонски поп пејачи и пејачки. “Пиволенд” ќе има три стејџа- главен стејџ, денс стејџ каде што музика ќе пуштаат македонските диџеи и кавер стејџот кој ќе се наоѓа кај пивницата “Стар Град”, а главна атракција за забава ќе биде игротеката за возрасни во која ќе се одржуваат голем број на натпревари.

Се гледаме на 11-ти септември.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: