Балканленд

Дел од старата постава на „Дивље јагоде“ снима сингл по повод 40 години од „Мотори“

Култниот албум „Мотори“ е издаден од групата „Дивље јагоде“ во 1982 година. Не е тешко да се заклучи дека истоимената песна целосно го одбележа тоа издание и го издржува тестот на времето до ден-денес.

Ален Исламовиќ, кој тогаш беше член на „Дивље јагоде“, откри дека во чест на годишнината снима нов сингл со тогашните колеги, тапанарот Наско Будимлиќ и басистот Златан Чехиќ. Старите пријатели од „Дивље јагоде“ најавуваат и неколку концерти по повод големиот јубилеј.

Решивме заедно да ги прославиме тие 40 години од легендарниот албум на кој со срце свирев на бас гитара, пеев и за кој ги напишав текстовите. Новиот сингл наречен „Судњи дан“ ќе биде објавен за еден месец. Го поканивме виртуозот на гитарата Dragianni да ни помогне, да ни донесе малку жар. Можеби ќе има заеднички концерти. Се гледаме некаде на забава.“, напиша Исламовиќ на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира: