Културо

„Далга“ – концерт на Македонска филхармонија во Скопје и во Белград

Оваа среда (12-ти октомври) со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонска филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Далга” на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери, наместо шпанскиот гитарист Рафаел Агире, како што беше првично најавено, кој поради болест го откажа гостувањето во Скопје. Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија.

На програмата се „Пијан танец – Пајдушко” од македонскиот композитор Сони Петровски и Концертот за пијано и оркестар во бе-мол и Шестата симфонија „Патетична” од Петар Илич Чајковски. Концертот е поддржан од Европската Унија, а со истата програма оркестарот на Македонска филхармонија на 14-ти октомври ќе гостува и во Белград.

Можеби ќе ве интересира: