Во вторник, на 1-ви ноември со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија, концерт ќе одржи трио „Принчипеле“.
На програмата се Голдберг варијации BWV 988 од Јохан Себастијан Бах, Квартет за обоа, виолина, виола и виолончело КВ 370 од Волфганг Амадеус Моцарт и Трио за виолина, виола, виолончело од Жан Крас. Во трио „Принчипеле“ свират виолинистката Анна Кондратенко, виолистот Марко Виденовиќ и виолончелистот Паскал Краповски. Како гостин на концертот ќе настапи обоистот Владимир Лазаревски.
