Во прв ред

Изложба за Тоше Проески до 23-ти ноември во Музејот на македонската борба

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје вчера беше отворена изложба посветена на Тоше Проески. Изложбата носи наслов „Спомен куќата на Тоше – чувар на спомените, животот и делото на најголемата македонска поп икона“.

Преку неа ќе биде претставен животот и делото на Тоше почнувајќи од детството до последните постхумни награди и албуми. Изложбата е во соработка со Спомен куќата на Тоше во Крушево, а ќе биде отворена до 23 ноември.

Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура.

Фото: Спомен куќа на Тоше Проески

Можеби ќе ве интересира: