World Music

Нова турнеја на Iron Maiden: Нема шанса за концерт во Скопје

Еден од најголемите метал бендови воопшто, Iron Maiden, е особено обожаван на нашите простори, за што сведочат повеќекратните распродадени концерти во Загреб, Сплит, Белград и Љубљана во последните години, а штотуку беше објавено дека распродаден е и најавениот за 2023 година во Љубљана.

Мејден на почетокот на месецов ја најавија својата нова концертна турнеја „The Future Past Tour“, која ќе започне на 28 мај следната година со концерт во Арена Стожице во Љубљана. По бруталната атмосфера на овогодинешниот концерт во загрепската Арена, ова лудило за влезници воопшто не изненадува.

Сепак, шанси за концерт во Скопје НЕМА !

Авалон ги има работено Iron Maiden три пати во Белград. За жал тие се далеку, пред се од инфраструктурно ниво на Македонија. Ние немаме сала за такво шоу, a стадионот е преголем залак. – коментира Бобан Милошески од Авалон продукција.

На претстојниот спектакл на овој бенд кој стана синоним за хеви метал, во живо ќе може да се слушнат песните од нивниот последен студиски албум „Senjutsu“, со фокус на песните од култниот албум „Somewhere In Time“ од 1986 година. како и други познати хитови бенд.

„Многу сме задоволни што конечно ќе можеме да отсвириме некои од епските песни од албумот „Senjutsu“, кој го чекавме многу долго! 2023 година ќе биде возбудлива година и со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме со публиката во Словенија, каде последен пат свиревме во 2007 година на летната турнеја „A Matter Of The Beast“, изјави основачот и басист на Iron Maiden, Стив Харис.

Откако неодамна ја завршија нивната повеќекратна одложена турнеја „Legacy Of The Beast“, бројките велат дека Maiden свиреле пред повеќе од три милиони фанови на таа турнеја. Со таа турнеја настапија и во Загреб кога ја распродадоа Загребската Арена.

Можеби ќе ве интересира: