Во прв ред

„Мизар“ ќе настапат на „Гитаријада“ во Куманово

Познатата кумановска манифестација „Гитаријада“ која беше обновена во 2019 година, оваа година ќе се одржи по трет пат. Фондацијата за култура и спорт – Куманово заедно со „Art Attack“ за на 3-ти декември ја закажа оваа манифестација која важи за сериозен бренд кога е алтернативната култура во прашање.
Настан врежан во трајната меморија на кумановчани како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук. Оваа година манифестацијата ќе биде од ревијален карактер, а како главен акт на истата доаѓа култниот и еден од најдобрите бендови набалканските простори, „Мизар“. Бенд кој статусот култен го постигнува веднаш по излегувањето на нивниот деби албум во 1988, кој што е прогласен за најдобар албум во тогашна Југославија.
Локална поддршка ќе биде и настапот на кумановскиот метал бенд „Cursed Heart“.

Можеби ќе ве интересира: