Балканленд

„Прљаво казалиште“ најавуваат нов албум

„Прљаво казалиште“ им се враќа на концертите и снимањата по решавањето на спорот помеѓу членовите. Фронтменот на оваа група, Младен Бодалец,  најави и нов албум на кој се работи интензивно.

Ќе има нов албум, некои нови песни на „Прљаво казалиште“. Тоа сигурно ќе биде причина за турнеја и за некои нови концерти. Веќе долго време нè нема. Сигурно има причини за повторни собири.

Се уште не знае кога ќе излезе новиот албум.

Сега е тешко да се каже. Веќе е половина снимен. Сега имаме настап, дали тоа ќе не забави… Времето ме научи дека ништо не е сигурно. ние сме во Ново Место сега, бендот е таму, се снимаат нови песни. – додава Бодалец.

 

Можеби ќе ве интересира: