Деновиве сакале или не на големо се пишува и се зборува за не-емитувањето на познатата и популарна музичка емисија, балканското музичко натпреварување “Ѕвездите на Гранд” кое што до неодамна се емитуваше на националната Канал 5 телевизија.
Се шират различни шпекулации од тоа дека неколку кабловски оператори прават притисок овие познати и гледани емисии да не се емитуваат на Канал 5 телевизија, до тоа дека веќе познатите емисии на Гранд ќе ја променат својата фрекфенција и дека од скоро истите ќе ги гледаме на националната Алфа тв. Но се е само шпекулација и ништо повеќе.
Ние од музичкиот портал Музика24 се обидовме да стапиме во контакт со одределни личности во Канал 5 кои би можеле и би знаеле да ни одговарат за што точно станува збор. Но и покрај контактот со тие луѓе го добивме само следното како информација од таа тв куќа:
“Навистина ни е жал, но во моментов немаме точна информација во врска со “Ѕвездите на Гранд”, тоа беше одговорот од Канал 5 телевизија.
Се обидовме да стапиме и во контакт со Весна Милановиќ која што освен е тв водител, таа е и официјален ПР на продукцијата и телевизијата. Се уште немаме повратен одговор за тоа што навистина се случува, но што и да е наскоро ќе дознаеме.
А дотогаш, останува сите оние големи и верни фанови и обожаватели на емисиите на Гранд истите да ги гледаат на YouTube на оваа позната српска продукција.
