Премиера

Наташа Миха ја промовира најновата песна „Мерлин Монро“, кон средината на декември најавува нов студиски албум (Видео)

„Мерлин Монро“ е насловот на новиот сингл на Наташа Миха, објавен неодамна, заедно со видео запис, со кој го најавува својот нов албум, кој ќе биде издаден на 21-ви декември.

„Мерлин Монро е песна која ги отсликува сите оние храбри индивидуи кои не се плашат да се тотално различни и свои, кои уживаат во животот и зрачат со самодоверба“, вели Наташа Миха.

Музиката и текстот за „Мерлин Монро“ се комплетна творба на Наташа, а аранжманот е заедничо дело на Наташа и Дамир Пух. Песната е снимена во GreenRoom Sound студио во Скопје, а Дамир се потпишува и за изработување на миксот и мастерингот. Видео записот е дело на Ѓорѓи Вацев. Во спотот, како модел се појавува Калтрина Круезиу, на која совршено и прилега улогата на Мерлин Монро. Сет фотографиите се дело на Бојан Стоилковски. За шминката се погрижи Зоран Шурбевски, заедно со своите асистенти Стефан Кековски и Ангела Маневска.

Наташа е академски музичар, која својата соло кариера ја има започнато во 2020-та со објава на „Кругот“ и „Пеперутка“, по која следеа „Те сонив“, „Се што знам“ и „Winning Every Game“.

Наташа Миха е фронтмен и клавијатурист на бендот “Station: Innermost” со кој има издадено концептуално ЕП „Exposure“ како и неколку синглови, има остварено соработка со врвни музичари како клавијатуристот Дерек Шеринијан (ex-Dream Theater, Billy Idol, Allice Cooper…). Со бендот има настапувано на фестивали во и надвор од државата, а има настапувано и како предгрупа на Deep Purple.“

Можеби ќе ве интересира: