Балканленд

Преслава: Не сум анорексична!

Дел од екипата на Музика24 својот одмор го помина во соседна Бугарија односно на преубавиот Несебар и Сончев брег, каде што секоја вечер настапуваа ѕвездите на Планета. Една од нив беше и популарната бугарска пеачка Преслава за која што неодамна по многуте портали се пишуваше дека таа е толку слаба па дури и анемична. Иако на одмор, нашиот новинар гостувањето на познатата пејачка го искористи накратко да ја праша дали има вистина во целата таа приказна, а таа пак за Музика24 изјави:

“Вистина е дека ги намалив килограмите, но не е вистина дека сум анорексична. Тоа можете и самите да го забележите, нели (се смее). Водам здрав живот и уживам во него. Поздрав до сите македонци кои ја слушаат мојата музика се надевам дека наскоро се гледаме и на Ваш терен (се смее)”, изјави Преслава за Музика24.

Инаку бугарската пејачка Преслава е мега популарна во Бугарија и секогаш кога станува збор за неа се бара билет повеќе. Таа изминатиот период е актуелна со дуетската песна со Анелија “Нема да сум втора”, а голем хит е и песната која ќе го означи летото во Бугарија, а станува збор за мега хитот “Скоро” кој што во продолжение можете да го преслушате и видите видео спотот.

Преслава на настап во Сончев брег, БугаријаПодготви: Адела Петревска

Можеби ќе ве интересира: