Регионалната музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ објави нова песна „Добар вам дан“, со потпис на Дарко Димитров и Леонтина Вукомановиќ.
Иако најави нов музички проект за есента 2023 година, неочекувано, Шерифовиќ објави нова песна со необичното име. Без разлика што во последниот период зад себе остава низа успешни концерти, Марија Шерифовиќ, покрај бројните деловни обврски, долго и темелно работи и на својот нов албум. Публиката чекаше нов албум веќе пет години.

Музичката ѕвезда смета дека публиката треба да зборува за овој проект и дека песната им се обраќа на сите оние луѓе, како што вели, кои живеат во свет кој наликува на џунгла. Во хаосот на неправдата, лагите, во свет каде што нема милост и разбирање за незаштитените и други.
“Добар ден за она што остана од вашиот живот, во густа мрежа на измами, масовна хипноза и лаги каде и да погледнете. Добар ден за вас во темнината, каде што само љубовта го осветлува животот и го покажува патот. Добар ден за вас во нова можност да заработите се што е освоено само со лична храброст и вашиот талент. Среќна Нова година и следната… Ако има!”, заклучи музичката ѕвезда.
