Виенската филхармонија секое прво утро во Новата година го започнува со традиционалниот Новогодишен концерт во Златниот виенски дворец каде со музичка честитка ќе се благослови духот, надежта, пријателството и мирот.
Денес, 1 јануари ќе се оддржи 65-от Новогодишен концерт која што Австриската радио телевизија ОРФ со своите камери и микрофони комплетно ќе го реализира и сателитски ќе се пренесува во многубројни европски земји, а една од нив е и Македонија каде МРТВ започнувајќи од 11:15 часот ќе го пренесува во целост.
