Музика на кирилица

Новогодишна програма со најслушаното радио во Скопје – Зона М1 Радио (Фото)

Велат дека вечерва е најлудата ноќ, онаа вечер кога точно во 00 часот ќе се склопат стрелките и веќе започнува Новата година, новиот ден и нешто ново каде се надеваме и веруваме декасе ќе е подобро и поубаво од она што било вчера.

Но денес е 31-ви декември кога е и најлудиот ден во годината. По тој повод најслушаното радио во Скопје и околината Зона М1 радио од 12 часот, точно на пладне, па се до 16 часот ќе емитува новогодишна програма со најпознатата, најбараната и најпопуларната радио водителка DJ Bici која ја поздравува својата верна публика и фанови и им порачува: “Ги сакам сите, сите мои слушатели и моја верна публика”.

Сите вие кое сакате одлична пред новогодишна забава, сакате да ја слушнете Вашата омилена песна или пак некому да му ја честитате Новата година, слободно тоа можете да го направите на програмата на Зона М1 радио.

Веќе од 16 часот, па се до 21 часот, програмата и новогодишната програма продолжува со DJ Goce, кој со исто голема еуфорија, емоција и страст ќе ја забавува и анимира својата публика. За се поголема забава музика и новогодишна еуфорија тука е Зона М1 радио од каде порачуваат дека нема ниту за секунда да зажалите и овој ден долго ќе го паметите.

Доколку сакате да бидете позитивни, со позитивна енергија слушајте Зона М1 радио и нивната новогодишна програма која стартува во 12 часот со DJ Bici, а продолжува од 16 часот со DJ Goce се до 21 часот.

Музика24 на менаџерскиот тим и сите слушатели на Зона М1 радио им ја честита Новата 2023 година, бидете живи и здрави и редете уште многу успешни проекти.

Можеби ќе ве интересира: