Анита Поинтер, членка на групата „Сестрите Поинтер“, добитничка на Греми, почина на 74-годишна возраст. Пејачката, кој беше најпозната по хитовите како „I’m So Excited“ и „Jump (For My Love),“ почина во саботата, но не се наведува причината за смртта.
Нејзините најблиски преживеани членови на семејството – сестрата Рут, браќата Арон и Фриц и нејзината внука Рокси Мекејн Поинтер – ја потврдија веста во новогодишната изјава.
„Додека сме длабоко тажни поради загубата на Анита, ние сме утешени кога знаеме дека таа сега е со нејзината ќерка Џејд и нејзините сестри Џун и Бони и е во мир. Таа беше таа што не чуваше сите блиску и заедно толку долго. Нејзината љубов кон нашето семејство ќе живее во секој од нас. Ве молиме почитувајте ја нашата приватност во ова време на тага и загуба. Рајот е поубаво и пољубезно место со Анита таму”, изјавија тие.
Веста доаѓа две години откако нејзината сестра Бони почина на 69-годишна возраст во јуни 2020 година.
