Долго најавуваната песна со која Милан Станковиќ ќе се врати на музичката сцена “Од мене се одвикавај”, ќе биде една од многуте кои ќе се натпреваруваат на овогодишниот радиски фестивал. Оваа песна српските медиуми велат дека Милан ја посветил на веќе поранешната негова девојка и позната фолк пејачка Радмила Манојловиќ. Што друго и можеме да очекуваме кога во улога на текстописец се наоѓа Марина Туцаковиќ, жената која што ги има напишано најголемите хитови на Цеца и уште многу други пејачи и пејачки.
Од денес па натаму, во Србија веќе се претставуваат песните за радискиот фестивал, а по реакциите на социјалните мрежи од далеку се гледа дека овој пат Милан на големо се подготвувал за неговиот камбек. За оваа песна која можете да ја преслушате, спотот е веќе готов, а истиот ќе се промовира на 9-ти септември кога е всушност и роденденот на младиот Милан.
https://www.youtube.com/watch?v=re37R5lSux8
Подготви: Александра Блажевска
