Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од Авалон продукција, после точно 17 години од легендарните концерти во Универзална сала, Дарио и Миг21, ќе одржат ексклузивен концерт концерт на 17-ти февруари во Македонската филхармонија.
Концертот се организира и одржува по повод 40 години од кариерата на Дарио, а во склоп на проектите со кои Авалон Продукција слави 30 години постоење.
“Македонската публика ќе има можност, во блиска средба со македонската поп легенда, да ужива во многуте безвременски хитови изведени во живо со Миг 21, во уште поатрактивни аранжмани од студиските верзии. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18-ти јануари) од 9 часот наутро онлајн на аvalon.mk и ширум продажната мрежа на Aвалон по цена од: 1.200 денари и Вип влезници по цена од 1.500 денари”, велат од Авалон продукција.

