До сега скоро и да немаме песни за претстојната сезона која е карактеристична за подготовка на зимница. Токму овој период неодамна е oпеан во песна, а темата насловена “Ајвар, леб и сирење” е втора авторска песна која деновиве ја претстави битолскиот поп/рок состав 3G бенд.
Бендот е формиран во 2010-та година како акустичен состав од двајца гитаристи, но со текот на времето се приклучуваат уште три нови членови – тапанар, басист и клавијатурист, со што 3G станува комплетен бенд. Во изминатите години настапуваат низ цела Македонија, а на македонската музичка сцена дебитираа со песната “Бубачки” која доби и видео запис. “Ајвар, леб и сирење” е нивна втора песна, која само го најавува она што допрва ќе следи од талентираните битолчани кои вредно работат и на својот прв албум. За видео записот се погрижи тимот на веќе докажаната Дрим Каст Продукција, а како изгледа визуелизацијата на “Ајвар, леб и сирење” можете да видите подолу. Уживајте!
Подготви: Редакција Музика24
