Најпозната фолкерка Елена Велевска стана мајка по трет пат, но за неа нема одмор. И покрај обврските што ги има околу трите мали деца, таа постојано е на настапи што ги имаше закажано уште пред да се породи. Мора да се признае дека мајчинството и прилега убаво, а факт е тоа што нејзиниото тело изгледа совршено и е во топ форма без да се занемари неодамнешното породување.
Како што изјави Елена за Естрада плус, енергијата и желбата да ја врши беспрекорно својата работа ја црпи од децата кај кои изморена се враќа после настапите, но пречекана со нивната слатка и прекрасна насмевка таа заборава на уморот и се враќа на мајчинската обврска. Иако секојдневието и е исполнето со обврски, таа сепак наоѓа време за снимање песни и наскоро најавува премиера на нова хит песна која ќе добие спот под водство на екипата од ЕВ Продукција.
Елена е единствена пејачка која покрај улогата на мајка перфектно си ја извршува и работата со музиката, а нејзината екипа од соработници работи на неколку нови песни со кои Елена ќе ја збогати македонската архива на народни песни. И покрај тоа што денот и е ноќ, а ноќта ден, таа и понатаму останува најбараната ин фолкерка во Македонија, но и надвор од неа. За идната година најавува турнеја во Австралија каде што секогаш е добредојдена, но најавува и пријатни изненадувања за своите обожаватели.
Подготви: Редакција Музика24
