Овој пат и наплатиле за пиењето на сплав на кој настапувала, износ од 70.000 динари. Наташа Беквалац пеела на популарен сплав во Белград. Вообичаено е пеачот кој настапува на сплав да добие сепаре и бесплатно пиење, но на Наташа и наплатиле се што таа испила на паузите, како и сите кои биле во нејзиниот тим. Пејачката уредно ја платила сметката без да се расправа, но побеснела бидејќи никој не и најавил дека на тој сплав важат поинакви правила.
“Таму сигурно нема да стапне како гостин, а ако настапува од принцип нема да земе сепаре”, вели извор за Блиц. Неодамна на Беквалац и беа украдени илјадници евра на плажа во Грција – цел хонорар од концертот на грчки остров.
Подготви: Катерина Митровска
